Услови за користење

Добредојдовте на порталот на Телевизија Орбис. Со користењето на било кој дел од веб страницата на Телевизија Орбис, автоматски ги прифаќате сите услови за користење на веб страницата. Корисниците се должи редовно да ги читаат правилата за користење со континуираното користење на веб страницата.

Лични, авторски и други права

Орбис има авторски права на сите содржини (текстуални, видео и аудио материјали, бази на податоци и програмски кодови). Неовластена употреба на кој било дел од порталот без дозвола на сопственикот (Телевизија Орбис) се смета за кршење на авторските права и се решава со предмет на кривично гонење.

Содржините објавени на порталот на Телевизија Орбис не може да се репродуцираат, дистрибуираат или на било кој начин да се користат за комерцијални цели без дозвола од Телевизија Орбис, или на било кој начин да предизвика оштетување на порталот.

Приватност и доверливост на податоците

ТВ Орбис ја почитува вашата приватност. Со користењето на нашиот портал Орбис може да дојде до информации за посетителот (само информации за вашиот компјутер и интернет провајдерот).

Со овие податоци Орбис доаѓа до сознание кои содржини се најпопуларни за читателите.

ТВ Орбис е должна  приватните информации, како што се e-mail адреси, имиња и сл. Без дозвола на секој индивидуален корисник, освен демографските податоци за група на корисници да ги држи во тајност.

Почитувани читатели, Ве молиме пред да објавите коментар прочитајте ги следниве упатства:

Задолжително е да се пополни полето означено со ѕвездичка. Редакцијата на Телевизија Орбис го задржува правото да ги избира коментарите кои ќе бидат објавени и не постои обврска да дава причини за одлуката на необјавување на коментарот.

Коментарите кои содржат псовки, навреди, закани и говор на омраза на национална, верска, расна навреда, како и нетрпеливост од било кој вид нема да бидат објавени. Кога ги објавувате коментарите, бидете сигурни дека правописно и граматички се точни. Не е дозволено да се пишуваат коментари со големи букви или промовирање на други веб-сајтови преку линкови.

Коментарите во кои коментирате за насловот, текстот, правописот и сл. во текстовите нема да бидат објавени, но можете да ги посочите во e-mail порака до редакцијата на ТВ Орбис.

Коментарите и сугестиите во однос на уредувачката политика нема да бидат објавени, ниту пак коментарите кои содржат обвинување против други. Објавените коментари се лични мислења на авторот, тоа не е мислење на редакцијата на Телевизија Орбис.

Промени во условите за користење

ТВ Орбис го задржува правото без претходна најава да ги промени условите за користење на веб сајтот на Телевизија Орбис. За важни промени и дополнувања на ТВ Орбис порталот може да ги извести корисниците преку е-пошта или објавување на порталот.

Со користењето на било која содржина на нашиот портал, се смета дека сте запознаени со најновите правила.