На продажба мистериозен остров на кој никој не живее веќе 80 години

Островот со површина од 98 хектари, кој се наоѓа североисточно од брегот на Шкотска и кој веќе 80 години нема ниту еден жител, се продава на аукција по цена од 595 илјади фунти.

Ова место се наоѓа во покраината Норт Роу, а истото припаѓало на семејството на Дејвид Мари повеќе од 150 години. На островот има куќи, но тие не се населени.

Подрачјето помеѓу жителите на Шкотска е познато како Феделенд, кое е туристички привлечно, посебно за богатата клиентела. Сопственикот Мари вели дека причината за неговата продажба се здравствени проблеми, а неговиот татко Даглас била последната личност која се родила на тој остров во 1944 година.

Што се однесува до пристапот на ова место, до него може да се дојде пешки, со џип или со брод. Тој признава дека му е тешко да го напушти островот, но дека е едноставен приморан.

“Ова место е незамисливо, не постои ваков остров. Природата е преубава, билките и животните се неверојатни”, додава сопственикот.

Островот е погоден за шетање и уживање во природа, а неговото подрачје е виртуелно истражувано преку симулација на видео-игра во еден музеј во градот Лервик. Оваа симулација им овозможува на корисниците да “шетаат” по островскиот крај, со цел подобро да го запознаат.

Сепак, засега сè уште нема заинтересирани купувачи.

извор:точка

Сподели