Еден загинат, тројца повредени во нападот во средно училиште во американското гратче Спокејн

0
20

Едно лице загина, а тројца се повредени при напад со огнено оружје во средно училиште во гратчето Спокејн, во американската држава Вашингтон, соопштија официјални претставници.

Брајан Шефер од локалната пожарникарска служба изјави дека повредените биле хоспитализирани, а шерифот Ози Кнезовиќ потврдил дека напаѓачот е уапсен.

Истрелите се слушнале во училиштето Фримен.

На социјалната мрежа Твитер, раководството на училишните напишало дека од безбедносни причини бил затворен кампусот.

Засега не се познати причините за вооружениот напад

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here