Битолските ученици од Демир Хисар и Лавци ќе добијат бесплатен превоз по локалните избори

0
382

Новата локална власт во Битола по изборите закажани за 15 октомври ќе треба да го решава проблемот со бесплатниот ученички превоз за учениците кои во битолските училишта доаѓаат од Демир Хисар и Лавци. За разлика од нивните врсници од другите населени места оддалечени од Битола, педесетина ученици до изборот на нов градоначалник и Совет на Општината, не може да ги уживаат привилегиите бесплатно да се превезуваат до училиште и назад. Ученикот од Демир Хисар чиј идентитет е познат на Телевизија Орбис и кој пред една недела го посочи проблемот со бесплатниот превоз на ученици од Демир Хисар и Лавци, тврди дека надлежните им порачале до локалните избори да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Од Општина Битола велат дека вториот тендер за избор на превозник на ученици од Демир Хисар и Лавци не може да се заокружи заради законските ограничувања во предизборниот период. Оттаму не сакаат да откријат детали зошто воопшто се дозволило до почетокот на учебната година се уште да има населени места за кои не е утврден превозник на ученици. Одбиваат и да ги коментираат постапките за избор на превозник што дел од битолските училишта сами ги реализираа, откако општината се повлече од обврската кон крајот на минатата учебна година.

Општина Битола подолго време се соочува со проблеми при организацијата и реализацијата на бесплатниот ученички превоз.  Токму оваа мерка на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, му го даде епитетот обвинет на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој во повеќе наврати уште пред неколку години бараше промена на формулата за пресметка на надоместокот за превоз на ученици.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here