Образованието на крстопат – меѓународна конференција во Битола

По повод 10 ноември денот на науката МНД – Битола ќе организира меѓународна научна конференција на тема „ Образованието  на крстопат- состојби, предизвици, решенија и перспективи“. Конференцијата се организира во соработка со научни академии од регионот и е подржаната од МАНУ. Ќе се одржи на 10 и 11 ноември. Ова беше соопштено на денешната прес конференција на МНД – Битола.

„Образованието  на крстопат – состојби, предизвици, решенија и перспективи“  е темата  на меѓународната научна конференција што МНД Битола  ќе ја организира по повод Меѓународниот ден на науката 10 ноември. Научната конференција доаѓа по реализираните низа  домашни и меѓународни активности,   беше соопштено на денешната прес конференција. Организирањето на една ваква конференција е од големо значење за афирмацијата на  МНД Битола, посочи претседателот на друштвото доц. Д-р Марјан Танушевски. По остварените контакти со научните  академии од БиХ , Србија и МАНУ влегуваме во втора фаза од активностите додава Танушевски.

Организирањето на конференцијата доаѓа по претходни анализи и истражувања за состојбите во образованието водржавата и регионот. Образованието е двигател на општеството и затоа се одлучивме да обработиме тема која ќе ни овозможи да се движиме по вистинскиот пат и да го развиваме нашето образование, истакнба проф. Д-р Дејан Илиев претседател на програмскиот комитет.

Што се однесува за тоа каде се наоѓа нашиот образовен систем, Илиев посочи дека  теориските основи  на нашиот образовен систем поставени се на една солидна основа за да може да се стигнат сите трендови што следат.

Конференцијата на секој учесник ќе му биде кариерен развој бидејќи во програмскиот комитет учествуваат 32 експерти од 10 држави, односно од Швајцарија, Полска, Шпанија, Хрватска, Азербејџан, Србија, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина и од Македонија, истакна Илиев.

Меѓународната научна конференција не само што ќе  даде свој придонес за образовниот процес во државата ќе придонесе и поголемо вклучување на МНД Битола во меѓународните научни кругови.

Сподели