СВР Битола поднесе кривични пријави за учество во тепачка, тешка телесна повреда и насилство

0
681

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ш.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: „учество во тепачка“, „тешка телесна повреда“ и  „насилство“ и против А.М.(19), Ш.К.(32), М.К.(26), И.К. (41), М.К.(25), М.К.(25), Ш.К.(44), К.Р.(39), Ш.Р.(39), С.М.(39), Е.М.(37), А.М.(19), Ш.М. (65) и Н.М.(21) сите од Битола, за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 06.08.2017 година околу 15,00 часот на улицата „Караорман“ населбата „Баир“, настанала тепачка во која учествувале: прво, трето, четврто, петто, шесто, седмо, осмо, деветто и десетопријавениот од една страна и второ, единаесето, дванаесето, тринаесето, четиринаесето и петнаесетопријавениот, и Р.Р.(36) и А.М.(67) и двајцата од Битола, од друга страна. Во тепачката биле користени тврди предмети и орудија при што повеќе лица се здобиле со телесни повреди, додека Р.Р. и А.М. се здобиле со животно-загрозувачки тешки телесни повреди. Веднаш после овој настан И.Ш. со уште едно засега непознато лице се упатиле во продавницата на К.Р. каде во присуство на повеќе лица, меѓу кои и сопругата и синот на К.Р. после расправија И.Ш. и другото лице физички го нападнале К.Р. со нож и разни тврди предмети.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here