Двајца загинати при уривање на мал авион на имотот на кралицата Елизабета

0
27

Лондон,12 септември 2017 (MИА) – Две лица загинаа, кога маал патнички авион, се урнал на имот на британската кралица Елизабета, во Сандрингам, англиската област Норфолк.

Во соопштението на локалната полиција се вели дека во удесот загинал пилотот,маж на 50-годишна возраст и неговата 70-годишна сопатничка.

Засега не се знаат причината што го предизвикало падот на малиот авион од типот „Пајпер- ПА28„ особено што условите за летање во тие моменти биле сосема поволни- било сончево, со голема видливост и без ветер.

Авионот се урнал до едно село во Норфолк, кое е популарна туристичка дестинација, поради близината на морскиот брег, но локалните власти соопштиле дека падот на авионот не предизвикал никакви други последици.

Сандрингам каде се наоѓа еден од имотите на кралицата, е омилено место на одмор за целото британско кралско семејство, кое честопати таму навраќа, особено за празниците кога сите се собираат на заеднички одмор. ти/14:44

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here