Брглез: Мора да се забрза интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО

0
8

Скопје, 12 септември 2017 (МИА) – Неопходно е Република Македонија да направи похрабар чекор во насока на евроинтеграцииите. Стабилноста на регионот ќе биде поголема доколку сите земји кои произлегуваат од поранешна Југославија станат дел од тие интеграции, истакна во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, претседателот на словенечкиот Државен збор Милан Брглез.

За сите активности што Република Македонија ќе ги преземе за забрзување на евроинтеграциите, додаде Брглез, ја има поддршката од Словенија.

Односите меѓу Македонија и Словенија се пријателски и добри, а Љубљана, потенцира тој, го поддржува економскиот и политичкиот развој и евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.

– За жал во меѓународната заедница постојат чинители кои ги забавуваат евроинтеграциските процеси, а Словенија се труди да ги забрза. Според Брзлек, клучен фактор што го забавува евроинтеграцискиот процес на Македонија е расколот во Европската унија помеѓу Истокот и Западот. – Тој е побитен од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, истакна Брглез.

Двете држави, потенцира тој, никогаш немале отворени прашања, а Македонија и Словенија имаат отворени прашања со своите соседи. Посочи на спорот што Словенија го има за границата со Хрватска и пресудата на Меѓународниот суд, која како што кажа, мора да се почитува.

– Такво мирно решавање на спорови е клучно за регионот, и не само за регионот. Мирното решавање на спорови нема алтернатива, рече Брглез.

Идното проширување на ЕУ, смета претседателот на словенечкиот Државен збор, мора дојде. – Сите ќе направиме тоа што едноставно мораме бидејќи, од една страна, треба да се уважи тоа што се бара и, од друга страна, да ги решаваме споровите по мирен пат, рече тој. Посакува Македонија што поскоро да стане дел од заедничкото европско семејство, бидејќи, како што кажа, на Словенија и требаат пријатели кои се разбираат и да си помагаат.

– Пријателите на Исток и Запад не се заинтересирани за оние работи кои што ги гледаме и разбираме ние, рече Брзек.  

Уште еднаш и се заблагодари на Македонија за справувањето со мигрантската криза.
– Тоа што го направи Република Македонија за останатите држави на Балканскиот пат и за земјите од ЕУ, заслужува целосно признание, а не вакво попречување какво што го чувствува сега. Словенија ќе стори се тоа што го направивте за нас солидарно да ви го врати на вашиот пат кон НАТО и ЕУ, посочи Брглез.
Економските односи се добри, но треба уште повеќе да се развиваат.
– Постојат уште многу неискористени можности, рече Брзлек кој смета дека Македонија треба да учи од искуствата на Словенија.  Подготвени сме, додаде тој, да го делиме знаењето како на политичко, стручно и на техничко рамниште.
Брзек се осврна и на внатрешнополитичката состојба во земјата, посочувајќи дека и Македонија и Словенија се соочуваат со поделеноста во општеството, но тие разлики треба да бидат предност. Во тој контекст важно е да се слуша, дијалог и поставување на заеднички добра, како и взаемно да се соработува.
Денешните разговори во Скопје потврдиле, според него, дека Македонија и Словенија делат заеднички погледи во бројни подрачја.
Словенија меѓу првите ја призна Македонија под уставното име, а годинава се одбележуваат 25 години од дипломатките односи. ев/сд/15:01
Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here