ФОТО: Споменикот на Александар Турунџев стигна во Битола

0
710

Споменикот на македонскиот револуционер и учесник во македонското револуционерно движење Александар Турунџев денеска пристигна во Битола.

Споменикот е во висина од три метри, а чини околу 25 илјади евра.

Поставувањето на споменикот на Турунџев на новиот кружен тек кај Ат-пазар во Битола деновиве е одложено, откако жителите од околните згради се побунија да не се сечат дрвјата пред нивните влезови и да се намали дијаметарот на кружниот тек, кој според првичното решение е на само два метра од нивните влезови.

Името на војводата Турунџев е длабоко врежано во меморијата на битолчани. По Илинденското востание, турскиот суд го осудил на смрт, а тој бил јавно обесен на битолскиот Ат-пазар на 29 август 1905 година. Неговиот гроб се наоѓа на Светонеделските гробишта во Битола.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here