„Слободна Далмација“: Хрватска е во дипломатски спор со сите соседи

0
10

Хрватска се соочува со своевидна верижна реакција на влошување на дипломатските односи со сите соседни држави, оценува сплитскиот весник „Слободна далмација“.

– Ако во поранешна СФРЈ за слични состојби беше популарна изреката дека земјата се наоѓа во опкружување исполнето со „грижи“, денес може да се саклучи дека ниту Хрватска не заостанува премногу со „грижите“ и покрај значително помалата територија, наведува весникот.

„Слободна далмација“ потсетува дека набрзо по затегнувањето на односите со Словенија поради хрватското неприфаќање на одлуката на Арбитражниот суд за граничниот спор, Загреб западна во циклус на размена на дипломатски ноти со Србија поради поставувањето на плоча со усташкиот поздрав во некогашниот логор Јасеновац и палењето на примероци на гласникот на српското малцинство во Хрватска, „Новости“.

Односите со Босна и Хервеговина се влошија поради препикувањата во врска со изградбата на мостот кај Пелешац, но и поради тврдењата од Загреб дека постои опасност за ширење на исламскиот радикализам од БиХ кон Европа, наведува „Слободна Далмација“, додавајќи и дека Црна Гора испрати протестна нота до Хрватска поради поставувањето на споменикот на „хрватскиот емигрант со терориситчко минато“ Миро Барешиќ, кој во Шведска е правосилно осуден за убиството на црногорската икона од антифашистичката борба Владимир Роловиќ.

Според весникот, кон спиралата на нагативизмот во опкружувањето неодамна се приклучи и Унгарија, поддржувајќи ја Словенија во блокирањето на приемот на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

– Засега само со Италија сме во релативно непоматена атмосфера, заклучува „Слободна далмација“.

Според поранешниот хрватски дипломат Ивица Маштруко, причината за ваквите односи на Хрватска со соседите „примарно лежи во обременетиот и комплесен историјат на севкупното дејствување, односно недејствување“ од страна на Загреб.

– Причините за усложнување на односите со државите во опкружувањето не се меѓусебно поврзани, но понекогаш имаат заеднички допирни точки и интересни рамки кои се поклопуваат на некој начин или од нив се извлекуваат долгорочни заклучоци, додава Маштруко.

Според него, независно од комплексноста на дипломатските односи на Хрватска со соседите, во Брисел и во останатите европски центри на Загреб се повеќе се гледа како на „предизвикувач на проблеми“, отколку како на конструктивна европска компонента.

Поранешната хрватска министерка за надворешни работи Весна Пусиќ пак смета дека ваквата позиција на Хрватска се должи на тоа што земјата е во дипломатска дефанзива на сите страни.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here