Пожар кај „Декорпод“ уништи неколку автомобили

0
344

Пожар кој попладнево избувна кај Декорпот зафати неколку гаражи и опожари две возила. Како што велат жителите од околните згради, пожарот започнал од сува трева, но со помош на ветерот се проширил на кај гаражите и зафатил два автомобили.

Од територијалната противпожарната единица за ТВ Орбис велат дека првичната пријава кај нив била за сува трева, по што тие веднаш излегле на терен со една екипа, за подоцна да испратат уште една екипа бидејќи пожарот се проширил. Вкупно шест пожарникари со три возила се справувале со пламените јазици.

Жителите од околните згради  за ТВ Орбис велат дека не знаат како и од каде започнал пожарот. Се жалат и на бавната интервенција на противпожарните екипи.

Дел од жителите им помагаа на пожарникарите во локализирањето на пожарот. По околу половина час, пожарот беше ставен под контрола, а епилогот беше изгорени автомобили и пеплосани гаражи.

Настанатата штета и причината за големиот пожар допрва ќе се утврдуваат.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here