Во Битола  „Крошу Ден 4“

Под мотото „КРОШУ ја сака Битола “  фабриката КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА Битола по четврти пат  организираше „Крошу ден“. Над 4000 вработени  беа дел од забавата што се одржа во  Спортско Рекреативниот Центар „Срце“ – Довлеџик.

Покрај од Битола присуствуваа и вработени од Прилеп, Ресен и Демир Хисар како и градот Крушевац од Р. Србија каде што Крошу Групацијата отвара нова фабрика, а токму фабриката во Битола благодарејќи на остварените резултати и стручноста на вработените е избрана да биде фабрика-ментор, задолжена за почетокот на операциите и производството на оваа нова локација .

Свесни за значењето што оваа компанија го има за градот и пошироко, водена по принципите за  општествена одговорност оваа година акцентот го става на здравството. За таа цел по повод прославата одлучи да подари Електо-хируршки генератор со сет  инструменти за  операциона сала во битолскиот Клинички Центар.

Прославата беше збогатена со голема забава за која се погрижија Тијана Дапчевиќ и  оркестарот Џамбо Агушев, како и таленти вработени од компанијата со свои песни и кореографии. Беше приредено и изненадување за првите пензионирани работници од фабриката со посебни подароци и благодарници за целокупниот труд и придонес во тимот.

Преку своето секојдневно работење, многубројните бенефити за вработените, грижата за континуираното подобрување на условите за работа во компанијата и можностите за развој и унапредување на своите вработени, од една страна, како и подршката на разни хуманитарни акции, културни и спортски настани, донации и придонес за развојот на локалните капацитети од јавен интерес за граѓаните, КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола покажа и докажа како се сака Битола .

Во моментот компанијата брои 4300 вработени од Битола и Пелагониско – Преспанскиот регион. Како што информираат од таму и во иднина  „Големото  семејство“ ќе  продолжи да работи со уште подобри резултати и да прерасне во најдобрата компанија во регионот со најзадоволни вработени и клиенти. Успешноста на оваа компанија претставува и бенефит на целиот регион.

Сподели