„Грета од Фауст“ в’недела на сцената на БНТ

0
72

Шестата по ред премиера за оваа година, Битолскиот народен театар ја најави за оваа недела. Станува збор за претставата „Грета од Фауст“, во која играат Никола Пројчевски и Сандра Грибовска.

Во сопствена продукција, битолскиот народен театар за в’недела ја најавува шестата премиера за оваа година.  На новата сцена ќе биде одиграна претстава „Грета од Фауст“, чиј автор е Луц Хибнер. Во претставата играат Никола Пројчевски и Сандра Грибовска, музиката е на групата Фолтин, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимите на Благој Мицевски.

За прв пат во битолскиот театар во улога на режисер се појавува битолчанецот Димче Николовски, кој е вработен во Драмскиот театар во Скопје.

На 24 мај дел од екипата на битолскиот театар заминува во Канада, каде што на 26 мај ќе биде изиграна претставата Без паника. Следен ангажман на театарот е учеството на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде по 4-те одгледани претстави селекторот Петар Темелковски ја избра претставата „Злосторство и казна“, која ќе биде одиграна на 12 јуни.