Се одржа 6-ти меѓународен турнир во фудбал за млади пионери во Новаци

0
28

По 6 пат општина  Новаци организираше меѓународен турнир во фудбал за млади пионери во Новаци. На турнирот учествуваа 40 тимови од 20 фудбалски клубови од Македонија, Србија, БИХ и Грција.

 Заврши Меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп“ 2017, на кој фудбалските вештини ги одмерија околу 600 млади фудбалери 2004-2009 генерација. Турнирот се одржува по 6 пат и на него зедоа учество 20 екипи

со по 40 тимови , 600 деца и 40 тренери од 20 фудбалски клубови од Македонија, Србија, БИХ и Грција. Генерален покровител на турнирот е градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

На дводневниот меѓународент фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2017“ беа доделени следните награди:

Во генерација 2004  четвртото место го освои ФК Луци , Србија, трето место за ФК Фер плеј, второ место екипата од ЛГ Битола а првото место му припадна на ФК Пас Флорина од Грција.

Во генерација 2004 за најдобар голман беше прогласен Атанасиос Ставридис од ФК Пас Флорина, најдобар стрелец Талевски Михаил  од ЛГ Битола а најдобар играч Дамјан Стојковски од ЛГ Битола.

Во генерација 2006  четврто место го освои ФК Ферплеј, третото место го освоија фудбалерите ФК Перак Прилеп, второто место го освои екипата на ЛГ Битола а првото место му припадна на ФК Вардар.

Во генерација 2006 за најдобар голман беше прогласен Пасковски Андреј од ФК Перак, за најдобар стрелец беше прогласен Иван Каревски од ЛГ Битола, а најдобар играч беше Петар Мишевски од ФК Вардар .

Во генерација 2008 –ма четврто место освои ФК Перак Прилеп, третото место го освоија фудбалерите на ФК Еврофудбал  , второ место ФК Ферплеј  а првото место му припадна на ФК Талент од Битола.

Во генерација 2007 за најдобар голман беше прогласен Методиј Трајчевски од ФК Талент од Битола, најдобар стрелец Бујаровски Стефан од Еврофудбал а  најдобар играч Андреј Ристовски од Фер Плеј.

Во генерација 2009 четврто место во оваа генерацијата го  освои ФК Аламасија,третото место го освоија фудбалерите на ФК Пелистер, второ место ЛГ Битола, а првото место му припадна на екипата на Академија Постолов Пандев.

Во генерација 2009 за најдобар голман беше прогласен Крстевски Стефан од Прилеп,  најдобар играч Бојан Николовски од ЛГ Битола а најдобар стрелец Димитар Панов од Академија Постолов Пандев.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here