ФОТО+ВИДЕО: Пожар кај Декорпод во Битола – уништени неколку автомобили

0
2348

Силен пожар нешто по 13 часот и 30 минути зафати дел од гаражи и автомобили кај Декорпот.

На терен се две противпожарни возила со 4-5 пожарникари кои по половина час успеаа да ги стават под контрола пламените јазици.

Жителите од околните згради за ТВ Орбис велат дека не знаат како и од каде ги зафатил пожарот.

-Не знам од каде дојде, јас кога видов веднаш истрчав надвор. Ова е страшно. Веднаш пријавивме во пожарна – изјави за ТВ Орбис жител кој им помагаше на пожарникарите за справување со пламените јазици.

Според изјавите на жителите, причинета е голема материјална штета.

Повеќе информации гледајте во вестите на ТВ Орбис во 16:30, 18:30 и 21:30.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here