Училиштето Спишка Бела од Словачка по трет пат добитник на наградата Гранд при 2017

44

 

На големиот конкурс што го имаше објавено Малиот битолски Монмартр највисокото признание , наградата Гранд при  2017 ја добива училиштето Спишка Бела од  Словачка, додека наградата за животно дело Богомил Карлаварис ја доби Његош Арнаут од Р Српска, беше соопштено на денешната средба со новинарите во Малиот битолски Монмартр. Денеска беа доделени наградите на членови од детското ликовно студио за учество на меѓународни изложби.

Според извештајот на Меѓународното стручно жири на „Малиот Битолски Монмартр 2017“ училиштето  Спишка Бела од Словачка е добитник на најголемото признание „Гранд при 2017“. Наградата за животно дело Богомил Карлаварис  оди во рацете на Његош Арнаут од Р. Српска  кој е долгогодишен учесник на оваа манифестација. Ова денес го соопшти Коста Хаџи АНтоновски раководител на Детското ликовно студио Св. Кирил и Методиј Битола.

Хаџи Антоновски денеска ги соопшти и ги додели наградите на членови од ова студио за учество на меѓународни изложби. Посебно драга, како што рече тој е наградата што доаѓа од Олимпискиот комитет во Лозана за учеството на студиото со 5 изложба на Олимписки игри.

Меѓународното стручно жири од вкупниот број на пристигнати творби на конкурсот за 35 јубилејна Меѓународна изложба на детски ликовни творби од пристигнатите  10 000 цртежи избра 899 творби. Изложбата ќе биде отворена на 23 мај во просториите на Националната детска ликовна галерија „Монмартр“.

На манифестацијата “Малиот Битолски Монмартр  2017 награда за учество добиваат  17 екипи со по тројца учесници и еден ликовен педагог. Поканети се 10 најдобри поединци од минатогодишниот Мал Битолски Монмартр. Жирито додели  24 награди „Златна четка “ за најдобра испратена  колекција на конкурсот „Битола 2017“, доделени се 112 награди „златна палета“ за најдобри поединечни остварувања како и 215 награди со  „диплома“.

И покрај финансиските проблеми  со кои се соочува студиото, задоволството е големо токму поради бројните признанија што доаѓаат од надвор, што е показател  за големината на Малиот Битолски Монмартр во светски рамки.

 

 

Сподели