Заев: Условите во затворите катастрофални, едно од решенијата е закон за амнестија

0
48

Се срамам што сум премиер на земја каде што затворите се надвор од сите стандарди на хуманост и социјалниот аспект на животот на лицата кои се осудени и издржуваат казна во казнено-поправниот дом Идризово, порача денеска премиерот Зоран Заев при посетата на затворот по покана на Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија.

– Очекувам да се отвори дебата, пред се институциите кои се надлежни и многу често повикани од Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет, како и од многу граѓански организации и активисти. Многу често нашите сограѓани коишто издржуваат казна знаат да испратат апел и порака преку социјалните медиуми испраќајќи слики на нивните услови и токму поради ова денеска сме овде, појасни Заев.

Ако според стандард треба да има 850 затвореници, посочи премиерот Заев, во Исризово има 1.850 затвореници.

– Тоа само по себе покажува какви последици повлекува. Тоа за луѓето со слабо здравје е дополнителен проблем, а зборуваме за здравје на луѓе. Храната веројатно е дополнителен проблем со самата бројка, која, исто така, е лоша. Луѓето кажуваат дека за да имаат колку толку минимум неопходен оброк и квалитетна храна, мора да додаваат од дома преку пакети кои им ги носат, а дел си готват во самите простории, истакна Заев.

Едно од решенијата, според Заев, е законот за амнестија, тема која, како што рече, е веќе отворена, неколку невладини организации имаат отворено дебати, а Народниот правобранител и Министерството за правда имаат свои мислења.

– Ќе го отвориме ова пред самите институции да можат да ја донесат одлуката соодветно на она што меѓународната пракса го познава, истакна Заев и порача дека е убеден и знае оти мора да се тргне кон оваа постапка која, според него, со ваквата бројка на затвореници и услови не е конечно решение.

Заев изрази увереност дека Владата и Парламентот се подготвени за брзо решавање на лошите и нехумани услови во затворите.

Заев во посета на Идризово

Според Народниот правобранител Иџет Мемети, по 12 години откако омбутсманот реагирал на лошите услови во затворите, сегашната Влада на РМ покажала волја дека ќе се нафати да го реши преоблемот со затворскиот систем.

– Под тоа решение јас не подразбирам само решавање на просторните услови кои се градат неколку години. Проблемот со затворски ситем не се само условите, туку многу повеќе, како на пример начинот на менаџирање кој е многу лош и конфузен, истакна Мемети.

Констатира дека од затворениците се создаваат многу повратници, како и од младите кои првпат доаѓаат во судир со законот по две три години можат да се најдат во Идризово.

Според Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, мора да се реши проблемот со корупцијата во затворот Идризово во кој, како што рече, не владеат законите на РМ туку затворските закони. Таа забележа дека се продолжува со партиско поставување на луѓе на важни функции во затворите и дека мора да се санкционира корупцијата во затворските служби.

Претседателот на синдикат на затворската полиција во КПД „Идризово“ Антонио Стојчевски во изјава за медиумите се пожали на условите на полицијата, која според него се соочува со ниски плати, со неплатени прекувремени часови, со овластувањата кои ги немаат, со средства за работа, но и со униформи кои не се обновени повеќе од 10 години. Тие побараа и усогласување со законот на МВР во однос на старосната граница за пензија.

Сподели

Оставете коментар

Please enter your comment!
Please enter your name here