ФОТО+ВИДЕО: Бојкотирана наставата во Битола

1013

Околу триесетина ученици од средните училишта во Битола денес ја прекинаа наставата со нивниот протест против двојазичност.

Средношколците велат дека самите се организирале преку социјалните мрежи бидејќи биле незадоволни од моменталната политичка состојба во државата.

Протестантите по Широк Сокак, низ Партизанска поминаа пред Општина Битола, а протестот продолжи во дворот на средното економско училиште “Јане Сандански”.

Сподели