Почина Нобеловецот за медицина, Оливер Смитис

36
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

Познатиот англо-американски генетичар, добитник на Нобеловата награда за медицина, Оливер Смитис, почина во 92-та година од животот, соопшти во четвртокот Нобеловиот комитет на својата официјална страница на Twitter, пренесува Макфакс.

Доктор на универзитетот Оксфорд, Оливер Смитис го доби престижното признание во областа на медицината во2007 година, која ја подели со двајцата колеги од Велика Британија и од Марио Капеки и Мартин Еванс. Нобеловата награда таа година беше доделена за откритието на „принципите за внедрување на специфичните измени во гените на глувците со користење на ембрионалните матични летки“.

„Оливер Смитис, нобеловиот лауреат и почесен професор на универзитетот Северна Каролина, почина на 10-ти јануари по кусо боледување. Нобеловата награда му беше за истражување на технологиите на генетското насочување… Неговите трудови и експертизи се од непроценливо значење“, се вели во објавата на Нобеловиот комитет.

Смитис е роден во Велика Британија, но поголемиот дел од животот работел во САД. Беше дописен член на Кралското лондонско друштво во Лондон и претседател на Здружението на генетичарите на Америка. Во текот на целиот свој научен век Смитис активно се залагаше за воведување во практиката на генетски модифицираните организми и организми.

Сподели