Снежната покривка добредојдена за есенските посеви

38
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

 

Снежната покривка со дебелина од околу 20 см е добредојдена за есенските посеви. Сточарите имаат обезбедено доволно храна за стоката и до сега никој не се пожалил на некои проблеми, велат од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола.

Ниските температури кои се присутни во  пелагонискиот регион подолго време нема д им наштетат на земјоделските култури. Снежната покривка  чија дебелина се движи околу 20 см е добредојдена за есенските посеви и нема опасност од мрзнење, велат  од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола. Есенските посеви се наоѓаа во добра кондиција и снегот само ќе ги заштити од ниските температури.

Земјоделските советници постојано се на терен и ја следат состојбата. До сега ниту еден земјоделец не се пожалил и не пријавил некој проблем. Сточарите имаат доволно храна за стоката , така што засега состојбата е под контрола и нема никакви проблеми, информира Србиновски.

Стручните лица велат дека снежната покривка поволно ќе се одрази во обезбедувањето на потребната влага во горниот слој од почвата и ќе обезбеди  поволен развој на културите.

Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани
Сподели