Брза помош Битола има полни  раце работа

470

 

Над 100 интервенции во амбулантата и   35 до 40 домашни посети  дневно бележи службата за итна медицинска помош во Битола. Оттаму апелираат да се почитуваат препораките на министерството  за здравство  и да не се злоупотребува бројот 194.

Деновиве вработените во службата за итна медицинска помош во Битола имаат полни раце работа. Дневно  во амбулантата се бележат над 100 интервенции. Зголемен е бројот и на домашните посети и се движи од 35 – 40, а не изостануваат и дополнителните јавувања и совети на пациентите по телефон, информира д- Васе Николовска вработена во оваа служба.

Има пациенти од сите возрасти со симптоми на настинки , кардиоваскуларни проблеми , како и повреди.

Од службата за итна медицинска помош апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките на министерството за здравство, непотребно да не излегуваат, топло да се облекуваат и да внимаваат на исхраната.

Д-р Николовска апелира до граѓаните да бидат потрпеливи и не се злоупотребува бројот 194.Здравствените лица советуваат , посебно на хронично болните лица, срцеви болни и со респираторни проблеми редовно да ја земаат својата терапија како и посебно да се внимава со малите деца  да не се излегува надвор на толку ниски температури.

Сподели