Електронско плаќање и електронска проверка на состојбите за персоналниот данок

123

Управата за јавни приходи  ја промовираше новата услуга „е-плаќање на даноци“ , со која се врши електронско плаќање и проверка на состојбите за персоналниот данок од кое било место и во секое време.Постапката на регистрација за е-плаќање на даноци е бесплатна за граѓаните, а не е потребен ни дигитален сертификат.

Новата услуга се активира со креираше на сопствен кориснички профил на електронскиот сервис е-плаќање на даноци, а е бесплатна за граѓаните. Единствено е потребна електронска пошта и со која се креира  личен кориснички профил на веб страната на Управата за јавни приходи. Услугата за е-плаќање автоматски е овозможена (без дополнителна регистрација) за регистрираните корисници на е-радиодифузна такса.На граѓаните обврзници на ПДД кои се регистрирани во системот за е-даноци со дигитален сертификат, автоматски им е овозможена без дополнителна регистрација услугата е-плаќање на даноци.Услугата за е-плаќање на даноци со безготовинска картичка можат да ја користат граѓаните за плаќање на персоналниот данок. Граѓаните можат да вршат онлајн плаќање на персоналниот данок со безготовинските картички Visa, Maestro и MasterCard (кредитна и дебитна) издадени од домашна банка.Е-плаќањето на даноци им овозможува на граѓаните да вршат онлајн увид во евиденцијата, преглед на платени и неплатени даночни обврски за персонален данок. На овој начин во секое време можат да ја проверат последната состојба на своите даночни долгови, вклучувајќи ги и долговите за радиодифузна такса и ДДВ.

Сподели