Исплатени 145 000 денари еднократна субвенција за 29 новороденчиња во 2016 година

69
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

Општина Новаци во 2016 година е побогата за 29 новороденчиња за чие што раѓање локалната самопурава на родителите им доделила еднократна парична помош во висина од 5000 денари или вкупно 145 000,00 денари.

„Веќе 9 години наназад имаме редовна практика ,општината да исплаќа по 5000 денари за секое новородено дете со цел да се поттикне зголемувањето на наталитетот во општината. Минатата година доделивме вкупно 145.000 денари за 29 новороденчиња, односно четири деца помалку од претходната 2015 година. Мерката која ја донесовме со одлука на Совет со цел стимулирање на порастот на наталитетот наиде на позитивни реакции “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Во општина Новаци во 2015 година се родиле 33 бебиња за што биле исплатени 165 000 денари , во 2014  и 2013 година се родиле 30 новороденчиња, 24 во 2012 година, 27 во 2011 а 26 во 201о година.

За да се стекнат со ова право родителите треба да поднесат барање во општината и во прилог да достават извод од матична книга на родени и венчани, лична карта на родителите и копија од трансакциона сметка. Право на користење на еднократната парична помош за новороденче има еден од родителите кој треба да биде државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во државата, за дете родено во Р.Македонија.

Сподели