Франција 2017: Ракометарите на Македонија пристигнаа во Мец

67

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Мец каде од четврток ќе ги игра натпреварите од Б групата на Светското првенство што се одржува во Франција. По напорниот пат од Софија, преку Виена и Луксембург (авионски), нашите ракометари пристигнаа во францускиот град.

Според информацијата од директорот на репрезентацијата Милчо Чакарески репрезентативците одмораат, а првото запознавање со салата каде ќе ги играат натпреварите ќе го имаат попладнево во терминот од 16 часот.
Македонија и утре ќе одржи еден тренинг, а првиот натпревар на програмата е во четврток од 17:45 часот, а противник е Тунис.
Ракометниот мундијал ќе биде отворен утре со натпреварот на домаќинот и светски првак Франција против Бразил што се игра во Париз.
Сподели