Недостатокот на витамин К е главната причина за болни менструации: Еве во кои производи се наоѓа!

185

 

Витаминот К учествува како коензим во карбоксилацијата на глутаминската киселина во прекурзорите на факторите на коагулација. Всушност тие имаат способност да ги врзат јоните на калциумот и да учествуваат во згрутчувањето на крвта. Недостатокот на витаминот К кај возрасните најчесто е последица од лошата апсорпција во тенкото црево (опструктивна жолтица, панкрациона инсуфициенција, синдром на лоша апсорпција.)

 

Причините за недостатокот на витаминот К се: Неадекватно внесување храна, нарушување на синтезата на цревните бактерии (долготрајна употреба на антибиотици) и губењето на резервите на витаминот К во црниот дроб поради хепатоцелуларното оштетување. Посебна причина е прекумерното и неконтролираното земање орални антикоагуланси.

Клинички манифестации на недостатокот од витамин К се: Крвавење во вид на поткожни хематоми, крвавење во мускулите, како и од слузницата, гастроинтестиналниот и урогениталниот систем.

Недостатокот на витамин К се нарекува и хиповитаминоза на К, а симптомите може да бидат: Модрици, точкести крвавења (петехии), хематоми, болки во стомакот, калцификација на мекото ткиво (особено на срцевите залистоци), силно менструално крвавење, крвавење во гастроинтестиналниот тракт, хематурија (крв во урината), крвавење од носот, непцата, анемија, остеопенија, остеопороза, фрактури и хиперкалциурија.

 

Вродени маани поврзано со хипервитаминозата на К

Кај новороденчињата кои сè уште се во стомакот, недостатокот од витаминот К може да се јави во неразвиеност на носот, устата и средината на лицето, микрокефалија, ментална ретардација, хипертелоризам, срцеви аномалии, потешкотии во учењето, разни деформитети на прстите, и бавен раст.

Хипервитаминозата поради недостатокот на витамин К по правило е доста ретка кај возрасните личности, бидејќи тој е присутен во различни видови на храна, а во организмот го синтетизираат и некои цревни бактерии.

Витаминот К во храната

За да му обезбедите на вашето тело доволно витамин К , потребно е во вашата исхрана да ги воведите следниве производи: Зелка, карфиол, прокељ, спанаќ, коприва, индиска луцерка, лист од питом и див костен, иглички од ела, останат лиснат зелен зеленчук, домат, грашок, соја, морков, компир, свински црн дроб (и маст која е добиена од него), растителни масла (полунезаситени масла), рибино масло, кравјо млеко, јогурт, сирење, жолчка од јајце, алги.

Извор: кафепауза

 

Сподели