Вулгарните се поискрени

22
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

Луѓето кои почесто пцујат се поискрени, покажало истражувањето на меѓународна група научници чијашто студија ќе биде објавена во списанието Social Psychological and Personality Science, пренесува Макфакс.

Стручњаците од универзитетите во Кембриџ, Маастрихт, Хонгконг и Стенфорд, го проучувале вокабуларот на 276 луѓе во лаборатории, како и социјалните интеракции на речиси 74.000 луѓе на социјалната мрежа Facebook и го споредиле тоа со индексот на интегритетот за секоја американска сојузна држава.

Нивното проучување ја покажало „трајната позитивна поврзаност меѓу профаноста и искреноста; вулгарноста е поврзана со помалку лажење и измами на лично ниво и со поголем интегритет на социјално ниво“.

„Доколку го филтрирате речникот кога зборувате, веројатно ќе ја филтрирате и содржина на она што го зборувате. Поверојатно е дека ќе го зборувате она што другите сакаат да го слушнат, а не она што го мислите“, вели еден од авторите на студијата Дејвид Стилвел за британскиот дневен весник The Independent.

„Личноста којашто не го филтрира својот речник, којашто пцуе, веројатно ќе го каже она што го мисли и ќе биде поискрена“, додава Стилевел.

Кога учесниците во лабораториското испитување ги запрашале зошто пцујат, повеќето одговориле дека тоа го прават за да ги изразат негативните емоции и вистинските себе.

Професорот Стилвел вели дека ја мереле „искреноста на ниски нивоа, односно секојдневната искреност“, за да добијат вистинско и искрено мислење од луѓето, а не ги испитувале „оној вид лаги кои некого би го одвеле во затвор“.

И некои претходно студии покажаа дека има и нешто добро во пцуењето. На пример, во текот на 2016 година, научниците од американскиот универзитет Минесота докажаа дека интелигентните луѓе повеќе пцујат.

Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани
Сподели