Црвена Ѕвезда го задржа максималниот ефект во АБА лигата

15

Кошаркарите на Црвена звезда го задржаа максималниот ефект во регионалната АБА лига, откако вчеравечер дури по продолжение ја совладаа Мега Лекс со 81:69.

Ова беше најнеизвесниот дуел што актуелниот шампион го одигра ова сезона во регионалното натпреварување. По нерешените 67:67, во дополнителните пет минути „црвено-белите“ беа убедливи со 14:2 за 17. триумф во исто толку натпревари.

Резултати на другите пет завршени натпревари од 17.коло:

Задар – Цедевита 80:94,
Партизан – Карпош Соколи 76:72,
Цибона – МЗТ Скопје Аеродром 87:79,
Крка – Будуќност 67:75 и
Морнар – Олимпија 93:70.

Колото ќе се комплетира вечер по дуелот Игокеа – ФМП (почеток 17 часот).

Табела: Црвена звезда 17-0 (победи-порази), Партизан 14-3, Цедевита 12-5, Будуќност 12-5, Цибона 11-6, Игокеа 9-7, Олимпија 7-10, Морнар 6-11, Задар 6-11, Мега Лекс 5-12, Карпош Соколи 5-12, Крка 5-12, ФМП 5-11 и МЗТ Скопје Аеродром 4-13.

Сподели