Нови врнежи од снег – забрана за камиони на Плетвар

325

Од превентивни  причини во 23:00 ч. е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Забраните за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и крак Маврово – Дебар се сеуште на сила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

Сподели