Снегот ги одложи локалните избори во Италија, затворени фабрики и училишта

62

Рекордно ниските температури во централните и јужните региони на Италија денеска ги принудија властите да ги затворат училиштата и фабрики и да ги одложат локалните избори, јави ДПА.

Силните врнежи и заледените патишта принудија неколку поголеми и помали градови во областите Молизе и Апулија да ги одложат локалните избори, а властите ги повикаа жителите да останат во своите домови.

Во областа Абруцо поголемиот број фабрики беа затворени, а во неколку региони во областите Калабрија, Молизе и Апулија беа затворени и училиштата.

Се очекува студениот бран да се задржи до средината на неделава.

Сподели