Надлежните (не)одговорни за завеаните патишта во државата

99
Магистрален пат Битола - Кичево 05.01.2017
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

Првите обилни врнежи од снег во Македонија по неколку години пауза, предизвикаа сериозни проблеми во секојдневието на граѓаните и уште еднаш ги изнесоа на површина сите слабости и пропусти во функционирањето на надлежните служби и претпријатија. Дваесетина сантиметри снег отсекоа населени места, завеаа патишта, смрзнаа коловози.

Главните патишта едвај беа подрасчистени и проодни. Камиони на Македонија пат ретко успеваа да стигнат до посакуваната дестинација, исто како и големиот број граѓани кои заради празниците имаа намера некаде да патуваат. А, Јавното претпријатие Македонија пат токму за оваа зима има склучено договори со три приватни фирми за зимско одржување на државни патишта. Наместо 81 милион денари, зделката била поскапа за 15 проценти и било договорено за зимско одржување да се издвојат 94 милиони денари или околу 1.550.000 илјади евра. НБ-ТРАНС СОМПАНУ ДОО Тетово добила 3 договори за одржување на патишта под подружници Автопат, Скопје и Штип – вредни над 67 милиони денари или околу над 1,100,000 евра, ПЕРПАРИМИ Нухи Реџепи ДООЕЛ увоз-извоз с.Долно Строгомиште Зајас добила договор за подружница Велес вреден 6,7 милиони денари или 110 илјади евра, а ЈОСКАТРАНС-ТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Демир Хисар потпишала договор за подружница Битола вреден 19,98 милиони денари или над 330 илјади евра. Сепак, снегот и мразот останаа неисчистени од коловозите.

Во битолскиот регион, екипи на Македонија пат неколку денови се мачеа да го пробијат патот до ски центарот Копанки, а жители на неколку села во новачкиот крај сеуште чекаат да биде пробиен патот до нивните населени места.

Иако надлежните долго пред да заврне снегот одржаа состаноци и будно ја следеа состојбата, снегот кој заврна ја окова земјата и уште еднаш потврди дека има нешто навистина гнило во функционирањето на надлежните институции и претпријатија. Пред само неколку месеци се случија поплавите во скопско, пред тоа поплавите во пелагониско и тетовско, и уште редица елементарни непогоди за кои освен Бог никој друг во земјава не е виновен и одговорен. Во Македонија единствено е важно да се ужива во привилегиите од функциите, одговорноста и понатаму останува непозната категорија.

Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани
Сподели