Студот ја зема првата жртва во Македонија

367

Бездомник на возраст од 68 години е првата жртва на студениот бран што ја зафати земјава. Тој утрово бил пронајден мртов во скопската населба Аеродром на улица „Бојмија”, а го пријавил неговиот пријател, исто така бездомник. Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 9.30 часот.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по нардба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.  Се претпоставува дека бездомникот починал од студ, но точната причина за смртта треба да ја покаже обдукцијата.

Сподели