Владимир Четкар на џез фестивал во Џакарта

44

Станува збор за еден од најпрестижните џез – фестивали во светот, каде што настапувале имиња како Стиви Вондер, Карлос Сантана, Џорџ Бенсон, Херби Хенкок, Џон Леџенд, Чик Кореа и многу други.

Владимир Четкар ќе биде првиот македонски музичар кој ќе настапи на Џава Џез фестивалот во Џакарта, Индонезија. Станува збор за еден од најпрестижните џез – фестивали во светот, каде што настапувале имиња како Стиви Вондер, Карлос Сантана, Џорџ Бенсон, Херби Хенкок, Џон Леџенд, Чик Кореа и многу други.

Македонскиот џез, соул и фанк артист, Владимир Четкар, неодамна се врати во земјава од турнејата во Малезија, Камбоџа и во Индија. На фестивалот во Индонезија ќе се  претстави на една од главните сцени со своја авторска музика.

Сподели