ВИДЕО: Проблеми поради ветрот и снегот – блокиран сообраќајот во Србија

200
Тројца бугарски државјани се повредени во сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 12 часот на делницата од автопатот Ниш – Исток, јавуваат српските медиуми.

-Нашата екипа згрижи петмина странци, од кои тројца имаат повреди, а сите де доста премрзнати. Тие се во нашата ургентна амбуланта, откако ќе се згрејат ќе извршиме и додатна дијагностика, но за сега се укажуѕва дека се работи за полесни повреду, вели Светлана Радивојевиќ од Итната помош.

Друго возило кое учествувало во несречата останало на местото на незгодта. Според неофицијални информации, станува збор за турско семејство со две деца, кое одбило помош и чека шлеп служба.

autoput-trupale-sudar-foto-mm-1483704489-1073901-640x432

Клиничкиот центар во Ниш соопшти дека се згрижени 17 лица повредени во сообраќајката која утрово се случи на делницата Ниш- југ.

Од вкупниот број на повредени, 11 се возрасни, а 6 деца. Тројца пациенти се со потешки телесни повреди, а едно лице е пуштено на домашно лекување.

Сподели