Славниот натпис „Hollywood“ стана „Hollyweed“

164

Жителите на најпознатиот кварт на Лос Анџелес се разбудија на новогодишното утро откривајќи дека славниот знак „Hollywood“ некој го променил во „Hollyweed“, пренесува Макфакс.

Од полицијата за телевизиската мрежа ABC изјавиле дека камерите за видео надзор регистрирале во новогодишната ноќ како непознато лице влегува во оградениот простор на ридот Маунт Ли, каде е што се наоѓа светски прославената атракција. Потоа тој користел црна ткаенина или боја и изменил неколку од 13,7-метарскит букви, претворајќи го натписот „Hollywood“ во „Hollyweed“, што може да се преведе како „света марихуана“ (англиски wеed).

Според локалните медиуми станува збор за очигледна алузија на марихуана, откако избирачите во американската сојузна држава Калифорнија на 8-ми ноември, заедно со претседателските избори, гласаа на референдум за легализација на марихуаната во рекреативни цели. Сличен инцидент се случил и во 1976 година, кога се ублажени калифорниските закони за употребата на марихуаната.

Весникот The Los Angeles Times потсетува дека ова не е првиот инцидент со славниот натпис откако тој е поставен во 1923 години, и неколку пати бил цел на вандали.

Од полицијата потврдиле дека станува збор за чин кој се води како прекршок. Отворена е истрага и се трага по сторителот. Тој може да се соочи со обвинување за нарушување на заштитено подрачје и оштетување на јавна сопственост.

Сподели