Неандерталците биле канибали

98

Длабоко во пештерите Гојет во Белгија научниците откриле докази според кои неандерталците не се хранеле само со месо од коњи и елени, туку и со месо од нивните мртви, пренесува Макфакс.

Коски на новороденче, едно помало дете и четворица возрасни кои живееле пред околу 40.000 години имаат јасни знаци на сечење, кршење и исцицување на коскената срж.

„Нема никакви дилеми, го практикувале канибализмот“, вели за AFP археологот Кристијан Касејас на влезот од пештерата во Арденската гора.

Коските од Гојет датираат од периодот кога се ближел крајот на неандерталците, кусо пред нивното место да го заземат луѓето. Некогаш сметани за примитивни пештерски пралуѓе, кои изумреле поради доминацијата на паметните модерни луѓе, студиите покажаа дека неандерталците биле пософистицирани отколку што се мислеше.

Сепак, има сé повеќе докази и дека ги јаделе своите мртви. Случаите на неандерталскиот канибализам досега се откриени меѓу популацијата којашто живеела на две локации во Шпанија и една во Франција.

Пештерите Гојет се населени од пелеолитикот. Со нивното истражување започнал еден од основачите на палеонтологијата Едоард Дупон во средината на XIX век. Како тогашен директор на белгискиот кралски природонаучен музеј во нив собрал големи количества коски и орудија.

Киските биле архивирани во музејот и таму останале недопрени повеќе од еден век. Дури во 2004 година шефот на антрополошкиот оддел Патрик Семал, меѓу коските за коишто Дупон верувал дека може да бидат човечки, открил вилици која недвосмислено му припаѓала на неандерталец. Научниците потоа со години ги прегледуваа коските кои Дупон ги издвоил како животински за да видат дали има уште трагови од прачовекот.

Сега меѓународна група експерти предводени од антропологот од калифорнискиот универзитетот Елен Ружјер од тие коски докажува дека неандерталците од Гојет биле канибали. На коските, имено, се гледаат траги од сечење со кои се отстранувало месото, како и траги од кршење за да се дојде до коскената срж.

„Ги кршеле на ист начин ако и коските од елените или коњите, сигурно поради коскената срж“, вели Касејас.

„Можеме да заклучиме дека некои неандерталци умреле во Гојет и дека се изедени“, додава Ружјер.

Причините и распространетоста на канибализмот кај неандерталците не се познати. „Дали тоа било систематско. Или е поврзано со точно одреден момент? Не знам како би ги интерпретирала причините. Тоа се отворени прашања, вели антропологот.

Сподели