Премиерлигашите во три дена го играат 20.то коло

22

Во англиската Премиер лига во следните три дена ќе се играат натпреварите од 20.коло. Денеска на програмата се шест дуели, а први на теренот, во 13 часот и 30 минути ќе истрчаат фудбалерите на Мидлсброу и шампионот Лестер.

Во терминот од 16 часот се натпреварите: Евертон – Саутемптон,
Манчестер Сити – Барнли, Сандерленд – Ливерпул и ВБА – Хал.

Последниот денешен дуел се игра од 18 часот и 15 минути меѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед.

Три натпревари се закажани за утревечер: Бурнемут – Арсенал, Кристал Палас – Свонси и Стоук – Вотфорд.

Оваа рунда ќе биде комплетирана в среда со дербито на колото меѓу Тотенхем – Челзи.

Табела: Челзи 49 бодови, Ливерпул 43, Арсенал 40, Тотенхем 39, Манчестер Сити 39, Манчестер Јунајтед 36,…

Сподели