Што е сексуална интелигенција и колку сте вие сексуално интелигентни?

272
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

Психотерапевтката Леоноре Павлиц, не воведува во поимот сексуална интелигенција и не советува што се треба да направиме за да провериме дали сме сексуално интелигентни.

Важно е да знаеме што ни одговара и да ги препознаваме потребите кај себе и кај партнерот

Тоа што клучот на добрите партнерски односи се наоѓа во спалната соба, не значи дека е неопходно сите да бидат добри во кревет. Ако тоа ни е преокупација, значи дека сме сексуално неинтелигентни, бидејќи не сме во состојба да ги препознаеме ни своите ни потребите на партнерот.

– За разлика од животните, луѓето ги препознаваат, разбираат, надгледуваат и модифицираат своите чувства, мисли, сензации и однесувања. Способни се да прават свесен избор на партнерот, потребата и начинот на кој ги задоволуваат и тоа е всушност сексуална интелигенција, која ја воведоа психолозите Шири Конрад и Мајкл Милбурн пред 10 години, објаснува Леоноре, која ја напишала и книгата „Ko je ovde lud?!“.

Дали се раѓаме со овој вид на интелигенција или ја стекнуваме и како може да ја усовршиме?

Луѓето, како и сите живи битија, се раѓаат со сексуален нагон. Но, тоа нема врска со сексуалната интелигенција, бидејќи не е вродена и не може да ја наследиме, туку е фактор кој доаѓа од средината во која живееме. На прво место е начинот на кој родителите кај децата ги задоволувале основните потреби за блискост, нежност, поддршка, интима и љубов, а подоцна се развива и низ процесот на осамостојување. Важно е и влијанието од врсниците, бидејќи децата низ игра активно ја истражуваат својата сексуалност, приказна, а подоцна и преку гледање на порно содржини. Неспорно е и вниманието од медиумите, содржината и изборот на медиумските фигури. Дали со време ќе ја усовршуваме интелигенцијата зависи од нашето лично активно и свесно настојување тоа да го направиме.

Зошто е важно да работиме на себе?

Сексот е само еден од начините да се искуси и употреби сексуалната енергија, но не и единствен. Важно е да сфатиме дека е сеприсутна, не само за време на сексот туку и надвор од него – кога се одмараме, тушираме, рекреираме, размислуваме. Сексуалната интелигенција почнува да се развива во оној момент кога ќе го пренасочиме вниманието од чинот на енергија. Ова е од суштинска важност, бидејќи ако го промениме начинот на кој мислиме за својата сексуалност, може да го промениме и целокупниот сексуален живот, и тоа засекогаш!

Како се дефинира поимот сексуална интелигенција?

Познатиот сексуален терапевт, Марти Клајн, ја споредил сексуалната интелигенција со општата интелигенција, која се дефинира како способност на прилагодување во нови ситуации. Така сексуално интелигентен човек може да го препознаеме кога ќе го „фрлиме“ во непозната средина во кој не знае јазик и нема „скршен денар“, бидејќи ќе успее да креира и да ја одржи желбата дури и во крајно непријатни околности. Ќе се адаптира на телесни промени кои со тек на годините го чекаат, ќе сака да дознае многу работи и ќе биде отворен за истражување на значењето на задоволство, близина и уживање. Луѓето со висока сексуална интелигенција знаат што сакаат, умеат да комуницираат и ги препознаваат своите и потребите на партнерот, ги познаваат своите нагони и може да ги контролираат, водат сметка дека енергијата се разменува со обострано задоволство.

По што може да заклучиме дека на некој му недостига оваа интелигенција?

Сексуално неинтелигентниот човек секогаш е роб на своите ригидни стратегии на освојување, глув за туѓите потреби, без такт да ја почувствува границата. Нема емпатија за другиот и рефлексиите за своите сексуални постапки. Делува егоистично, бидејќи за време на интеракцијата константно се преокупира со тоа како изгледа неговото тело во очите на партнерот и дали самиот чин нему му одговара.

Што се случува кога ќе се привлечат два екстреми – интелигентен и неинтелигентен?

Ако тоа се случи, најверојатно сексуално интелигентната личност ќе може да ги разбере потребите на партнерот, додека разбирањето во спротивниот правец ќе изостане, што кај личноста може да доведе до фрустрација и отпор да се усогласи со партнеровите идеи и желби. Сепак, работата не мора секогаш да заврши фатално. Ако супериорниот е доволно вешт да ја негува и стимулира сексуалната интелигенција на партнерот, заедно имаат шанса да развијат однос.

Дали може да се пресмета коефициентот на сексуалната интелигенција?

Со оваа интелигенција работата е далеку покомплицирана од општата интелигенција. Мерењето повеќе е ствар на квалитет, отколку на квантитет, не е важно колку, туку како нешто се прави. Коефициентот на сексуалната интелигенција се пресметува според формулата – информација плус емоционални вештини плус телесна свест. Задоволувачки е ако личноста ги примила информациите за сексуалноста од вистинските извори, развила способност за емпатија, блискост и интимност и има развиена саморефлексност за телесни потреби.

Сподели