Ако имате астма, а јадете кулен, ова ќе ве интересира!

142
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

 

Луѓето со астма би можеле да доживеат значајно влошување на симптомите доколку консумираат преголема количина сушени сувомесни производи.

Луѓето со астма би можеле да доживеат значајно влошување на симптомите доколку консумираат преголема количина сушени сувомесни производи како шунка или кулен, пренесува „Скај њуз“.

Четири или повеќе порции сушено месо неделно се смета за висок внес кој најверојтано има најголемо дејство на влошувањето на симптомите на астмата.

Сушеното месо е богато со нитрати, што би можело да игра улога во воспалението на дишните патишта, што е еден од типичните симптоми на астмата.

Истражувачите проучувале податоци на 917 возрасни лица од пет француски градови собрани во текот на повеќе од 20 години.

Откако се обиделе да го контролираат влијанието на променливите фактори, како што се пушењето и редовната физичка активност, истражувачите утврдиле дека луѓето кои јадат многу сушено месо имаат 76 отсто шанси за влошување на симптомите на астмата од луѓето кои јадат помалку сушено месо.

Помеѓу 2011 и 2013 година често се вршеле испитувања што астматичарите јадат и било проучувано колку сушено месо заболените јадат секоја недела.

Утврдено е дека нискиот внес на сушено месо изнесува консумиција од еднаш неделно или поретко, додека високиот внес претставува консумирање сушено месо четири или повеќепати неделно.

Астматичарите во текот на истражувањето, исто така, ги пријавиле проблемите со дишењето, а научниците потоа ги споредиле собраните податоци.

Резултатите покажале дека 14 отсто астматичари кои јаделе сушено месо еднаш неделно или поретко пријавиле влошување на проблемите со дишењето, додека оние кои овој вид намирница ја јаделе четири или повеќе пати неделно во 22 отсто случаи имале влошување на астмата.

Дури откако се изолирани другите фактори, како спомнатото пушење, се испоставило дека луѓето кои јадат премногу сушено месо пријавуваат сериозно влошување на симптомите.

Сепак, научниците предупредуваат дека станува збор за опсервациска студија и дека е потребно да се спроведат подетални истражувања во кои ќе биде разгледувано влијанието на другите хронични болести на дишниот систем за да се утврди реалната причинско-последична врска помеѓу сушеното месо и астмата.

Извор: плусинфо

Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани
Сподели