Замина уште една легенда – почина познатата актерка

278

Познатата актерката Кери Фишер (60) почина денес, потврди нејзиното семејство.

Портпаролот на семејството објави соопштение во кое се наведува дека актерката починала утринава во 8:55 часот.

-Беше сакан од светот и на сите ќе им недостига. Целото семејство ви се заблагодарува за вашите мисли и молитви, стои во соопштението.

Актерката пред неколку дена имала срцев удар во авион со патувала од Лондон до Лос Анџелес. По слетувањето во критична состојба веднаш беше пренесена во болница.

Кери Фишер е најпозната по улогата на принцезата Лејла во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а во Лос Анџелес се враќала по промоцијата на своите мемоари во Лондон.

Сподели