Почина поп пејачот Џорџ Мајкл

127

Британскиот пејач од грчко потекло Џорџ Мајкл почина во неделата вечерта на 53-годишна возраст објави агенцијата Press Association повикувајќи се на неговиот агент, пренесува Макфакс.

„Џорџ Мајкл почина во својот дом“, во Оксфордшир, изјавил агентот, без да ја наведе причината за смртта на популарниот музичар.

Засега останува непозната причината за смртта. Од лондонската полиција само одговориле дека нема „сомнителни околности“.

„Со голема тага можеме да потврдиме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ Мајкл мирно замина во својот дом во периодот на Божик. Семејството замолува да се почитува приватноста во овој емотивен и тежок период. Засега нема да следат повеќе коментари“, се вели во писмената изјава на агентот на пејачот за BBC.

Џорџ Мајкл, чиешто родено име Георгиос Киријакос Панајотоу, роден е во Лондон, и молскавично се стекна со светска слава во 1980-те години, кога настапуваше во поп-дуетот Wham! заедно со својот соученик Ендрју Риџли.

По распадот на бендот во 1986 година Мајкл започна соло кариера. Неговите хитови ги освојуваат топ листите и од двете страни на Атлантикот.

Поп суперѕвездата во кариерата продаде околу 100 милиони носачи на звук, почнувајќи од вртоглавиот подем на музичката сцена во 1983 кога сингл винилите и првиот албум на Wham! Ги освоија топ листите. Со вториот албум ги освоија и САД, кога хитот „Wake Me Up Before You Go-Gо“ беше прв на листите во Велика Британија и во САД, а „Careless Whisper“ во дури 25 земји.

Поп суперѕвездата во кариерата продаде околу 100 милиони носачи на звук, почнувајќи од вртоглавиот подем на музичката сцена во 1983 кога сингл винилите и првиот албум на Wham! Ги освоија топ листите. Со вториот албум ги освоија и САД, кога хитот „Wake Me Up Before You Go-Gо“ беше прв на листите во Велика Британија и во САД, а „Careless Whisper“ во дури 25 земји.

Соло кариерата ја започна во 1987 година кога го издаде албумот „Faith“ кој во светот беше продаден во 20 милиони копии. Џорџ Мајкл вкупно имаше седум хитови број еден на британската топ-листа и осум број еден на тол листата на магазинот Billboard во САД.

Во речиси четири децениската кариера освои многу музички награди: три Brit Awards, четири MTV Video Music Awards, три American Musical Awards и две Grammy.

Смртта на Џор Мајкл е уште една во низата на музичките ѕвезди кои починаа во оваа 2016 година. Претходно годинава овој свет го напуштија Дејвид Боуви, Леонард Коен, Принс, Глен Гфреј, сер Џорџ Мартин, Кит Емерсон, Грег Лејк, а во саботата во клиника во Шпанија на 68 години почина и гитаристот на легендарната британска рок група Status Quo, Рик Парфит.

Сподели