РФМ ја исплати премијата на ракометарките

49

Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот за СП Германија 2017.

Ракометарките ќе поделат 10.000 евра за успехот во квалификациите кои се играа на Фарските Острови.
Македонија на турнирот обезбеди пласман во баражот каде ќе игра против Шведска која е последната пречка за пласман на Светското првенство во Германија 2017.
Првиот натпревар ќе се игра во Македонија, реваншот ќе биде во Шведска.
Извор : mkd.mk
Сподели