Моника Белучи заблеска на синоќешната премиера во Москва

213

Премиерата на филмот „На млечниот пат“ во режија на Емир Кустурица, која синоќа беше одржана во руската метропола, привлече големо внимание на светските медиуми кои пишуваа за славната Моника Белучи, пренесува Макфакс.

Моника заблеска во црн фустан со потпис на модната куќа “Dolce $ Gabbana”. Како и секогаш, познатата убавица изгледаше елегантно и прекрасно.

Daily Mail пишува дека и српската актерка Слобода Мичаловиќ изгледала модерно во „дивиот“фустан со патент и крзнени ракави.

Медиумите истакнуваат дека Слобода изгледа преубаво, но дека не успеала да ја засени постаратa колешка Моника која ги привлекла сите погледи.

Сподели