Радио 106 и оваа година ќе ги прогласи најдобрите артисти и нивните изданија од светската музичка сцена во големо шоу

48
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

Радио 106 од Битола и оваа година ќе ги прогласи најдобрите артисти и нивните изданија од светската музичка сцена во големо шоу. 106-ка започна со овој амбициозен проект уште во 2001. година, во обид да го преточи вкусот на битолската и македонската музичка публика во церемонија на доделување на награди од типот на познатите Grammy, Brit, и сличните на нив, но, според наш вкус, мислење и според тоа колку и кои од песните биле популарни кај нас. Така, секоја година 106-ка продуцира и емитува повеќечасовна спектакуларна шоу програма во која ги прогласува најдобрите хитови и музичари во вкупно 20 категории, меѓу кои се категориите за најдобра поп, рок, латино, хип хоп, р&б, денс, саундтрак песна, најдобар ремикс, продуцент, машки, женски артист, најдобра група, хит на годината според 106-ка и хит на годината според слушателите. Од оваа година шоуто ќе се пренесува и на најпознатите локални радија во Македонија.

Меѓу артистите со најмногу номинации оваа година се: Sean Paul, Drake, Sia, The Chainsmokers, Twenty One Pilots, Rihanna, Justin Timberlake, Coldplay, Justin Bieber, Calvin Harris, Lukas Graham, Zara Larsson, Jay Sean, LP, Shawn Mendes, Fifth Harmony, Era Istrefi, Major Lazer, Dnce, Dua Lipa, J Balvin, Jason Derulo, Alicia Keys, Kanye West, Bruno Mars, Ariana Grande, Beyonce и уште многу други познати музички имиња.

Шоуто ќе изобилува со ексклузивитети, како интервјуа со познатите музички ѕвезди, меѓу кои и Fifth Harmony, Drake, The Chainsmokers, Zara Larsson, Calvin Harris, Domino Saints, Shawn Mendes, Lukas Graham, Dua Lipa, Coldplay, Lost Frequencies, Twenty One Pilots, The Weeknd, Ryan Tedder и со концертни изведби на најпознатите хитови на годината.

Од минатата година во шоуто се воведени и две новини со кои се ажурирани пропозициите и правилата на шоуто. Една е сосема нова категорија – “Најдобра Латино Песна”, која е воведена како предпоследна 19-та категорија и уште една новина е во последната категорија “Специјално Признание за Животно Дело”. До сега во оваа категорија имаше само по еден артист или група, а од оваа година бројот на добитници на ова признание ќе биде неограничен. Специјално признание за животно дело низ годините добивале: Michael Jackson, Madonna, U2, Prince, Depeche Mode, Stevie Wonder, Bob Dylan, Rolling Stones, Red Hot Chilli Peppers, Bruce Springsteen, Sade, Simply Red, Sting, Eric Clapton и REM, а за 2016. вакво признание добиваат трите музички легенди: Phil Collins, Peter Gabriel и Genesis.

Шоуто премиерно ќе се емитува на фреквенцијата на 106-ка (106.6 фм) на еден ден пред нова година – 30. декември, со почеток во 15:00 часот, а потоа, во свои термини ќе го емитуваат и познатите локални радио станици: Супер Радио – Охрид, Радио Комета – Гостивар, Радио Медисон – Кичево, Радио Холидеј – Прилеп и Радио Експрес – Струмица. Гласањето е во тек, а комплетната листа на номинирани во сите категории, пропозициите и повеќе детали имате на www.106.com.mk.

Сподели