Македонската естрада ги засучи ракавите

0
134

Освен политичарите и естрадата се вклучува во кампања. Кога не може на телевизијата и радијата митнинзите се единственото место каде што може да се запее па дури и да се заигра.

Започна уште една политичка кампања, уште една борба по лов на гласови. Ниту една борба не е лесна ама затоа со песна се ќе биде полесно. А кога сме кај леснотијта, естрадата е тука за да се олесни целата работа. Митинзите, одлично место, не само за политички вету вања туку и да се слушне убава македонска песна.

Скоро два месеца македонскиот етер е посиромашен за македонска музика. Секој со свои забрани, соопштенија, ставови и што ли уште не. Се само не македонска музика. Радиодифузерите никако да најдат решение на наметнатиот проблем од страна на ЗАМП. За сега ниту државата не го решава. А како што бива за секој проблем да се решава  поинаку, решението може да се најде само по судски пат. Ако се има предвид должината на судските процеси ќе треба уште долго  да чекаме да слушнеме македонска музика во македонскиот етер.

Но затоа пак македонската естрада, не дозволува да страда. Уште помалку не дозволува да страда ниту  народот. Без разлика која партија е песната мора да биде присутна. Митинзите се како концерти на кои присутните не платиле за влезница. Неизбежни се и коментарите кој пејач која партија ќе ја поддржи, ама што да прават и тие кутри треба да живеат. Да заработат некој денар, па празници се ближат така што и тие треба нешто дома да однесат. А којзнае можеби ако со песните  допреле до срцата на  присутните и успеале  да ги пробудат патриотските чувства, можеби ќе си обезбедат иднина за себе и своите блиски. Којзнае можеби ќе падне некоја субвенција, па фестивал, награда и сл. Како и да е македонските музичари ги засукаа ракавите а бога ми и ногавиците. Мора и тие да се борат за свое музичко место во политиката.

Криминалци, мафијаши, бандити е дел од реториката на политичарите наспроти предавници и шпиони. Не знам дали поднебјето е такво или нешто друго, ама ова со предавниците и шпионите одамна е присутно во народните песни. Историјата наназад покажува дека предавниците и шпиноите ги имало  доволно , да наштетат на македонската кауза. Но и сегашноста не е имуна на предвниците и шпионите. И сега ги има доволно , да не речам на претек, ама тоа е дел од македонската борба   за   македонска демократија. Македончето ништо нема да го скрши, ќе се бори, ќе пее па ако треба и ќе игра и за сето тоа ќе плати. Кој со својот глас, кој со пари, математики имало и ќе има. Дали и како ќе излезе домашниот „есап“ на пазар останува да видиме на големиот „концерт“ пардон, на изборите на 11 декември. А дотогаш па и понатаму слушајте македонска музика , математиката одлично оди со музика, па макар била и на митинг. Белки ќе се најди некој од мајка роден да  почне да ги решава проблемите во нашата држава , меѓу кои и оние музичките.

Павлина Јовановска