Колку пари легнале лани на сметките на ЗАМП?

166

Почнувајќи од октомври ЗАМП како здружение постојано е изложен на бројни критики од страна на јавноста и слушателите на музика.

Ова здружение поради револт и неможност да најде заеднички јазик со надлежните забрани емитување на македонска музика. После македонската, кон забраната се приклучија и соседите Срби, Црногорци и Хрвати.

Колку пари заработило лани ЗАМП?

Доколку се погледне последниот извештај може да се забележи дека приходите зависно од ставките некаде бележат пад некаде раст.

ЗАМП минатата година по различни основи има за наплата 123.719.617 денари.

Ставките го покажуваат ова:

1.Концерти на сериозна музика 329.024 денари

2.Концерти на популарна музика 4.203.732 денари

3.Забавни приредби 11.394.518 денари

4.Жива музика 427.442 денари

5.Апарати за маханичка музика (ЦД плеери, кастетофони, радио и ТВ апарати) 16.131.995 денари

6.Комерцијални радио-телевизиски организации 12.637.438

7.МРТВ 6.314.990 денари

8.Механичка репродукција  4.000 денари

9.Кабелски оператори-по договори 32.819.425 денари

10.Кабелски оператори- по правилник 39.457.053 денари.

Раст од 14,75% бележи наплатата  во 2015 во категориите од 1 до 6 што е за  5.801.702,00  денари поголема од минатогодишната.

Се намалила наплатата  од кабелските оператори која бележи пад од 19,91% и изнесува 17.966.846,00 денари.

Извор : faktor.mk

Сподели