Honda со официјална скица на моделот WR-V

47

Honda ја објави првата официјална скица на својот следен модел, кросоверот WR-V. Станува збор за крос-варијанта прототип на моделот Honda Jazz, чија премиера ќе се одржи за време на 29-то издание на автосалонот во Сао-Паоло, во Бразил од 10 до 20 ноември.

Светлата, предниот капак, страничните панели, тркалата и браниците се единствени за Honda WR-V, а вратите се позајмени од Jazz. WR-V ќе е најмалиот кросовер во палетата на Honda и е дело на развојниот центар на брендот во Бразил. Малиот SUV е наменет да го зајакне присуството на јапонската марка на пазарот во Бразил и цела Латинска Америкa. Моделот се појавува како конкурент на пазарот на Ford EcoSport и Renault Duster во Латинска Америка, а на други пазари ќе се соочи со модели како Hyundai i20 Active, VW Cross Polo, Toyota Etios Cross и Fiat Urban Cross.

Машината е развиена врз платформата на Honda Jazz, нејзиниот изглед е подреден на т.н. стил Solid Wing Face со хромирана маска закосена во светлата. Од скицата се гледа агесивниот надворешен стајлинг на возилото, шините на покривот и додатоците во страниците ја манифестираат трансформацијата на градскиот модел Jazz во вистински теренец, за што помага и зголемениот растојание од тлото. Во внатрешноста исто така има промени во споредба со онаа на Jazz.

Honda WR-V се јавува како наследник на варијанти Honda Fit Twist, но е целосно нов и поинаков модел. Во механичкиот дел, преземен од Jazz е моторот од 1.5 литри Flex-fuel и петстепената механичка или вариаторна кутија CVT. За други пазари во развој, како оној во Индија, ќе се нудат уште 1,5-литарски дизел и 1.2 L i-VTEC.

Извор : avtoplus.mk

Сподели