Печени јаболка со цимет

260

Сезоната на јаболка официјално започна. Со доаѓањето на есента, пристигна и едно од најпрекрасните овошја во ова годишно време. Јаболката се фантастични и  кога се термички необработени,  а уште повкусни се и во различни десерти.

 

Ви ги претставуваме печените јаболки со цимет.

Потребни состојки: 

  • 6 јаболка излупени и исечени на кришки со 2 сантиметри дебелина
  • 1 лажица путер
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици ванилин шеќер
  • 3 лажички цимет
  • 1 лажичка м.оревче
  • 4 лажици вода

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Со путерот намрсете го правоаголното тавче. Во поголем сад ставете ги парчињата јаболка и додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, зачините и добро промешајте.

 

Вака приготвените јаболка ставете ги во намрсениот плех и печете 30 минути, а потоа додадете ги лажиците вода и печете дополнителни 15 минути.

Сервирајте топло.

извор:идивиди

 

Сподели