Citroen C4 го менува дизајнот и платформата

139

Citroen работи на новата генерација на хечбекот C4. Според британското изданието Auto Express моделот ќе биде подготвен во 2018 година, а ќе претрпи низа, при тоа значителни промени.

Французите планираат да тргнат по патот на крос-хечот C4 Cactus и на новиот C3. Така на каросеријата на хечбекот ќе се појават воздушните капсули на вратите кои ги намалуваат значително последиците од судир на патот. Целта на овој потег е да се привлече нова публика, како и да може возилото да им се спротистави подобро на бестселерите на пазарот во овој сегмент Volkswagen Golf и Ford Focus.

Идниот C4 ќе ја смени и платформата. Во Citroen ќе се откажат од шасијата PF2 и ќе преминат на новата EMP2, која се користи за голем број на модели на Алијансата PSA Peugeot-Citroen. Новата архитектура ќе му овозможи на компактот да ја намали тежината со околу 150 килограни и истовремено да го подобри однесувањето на подлогата. Шасијата EMP2 открива можност за користење и на хибриден погон, односно на модификација која ќе се полни од електричната мрежа (plug-in). Дали таков модел ќе се најде во палетата на модели нема информација, бидејќи ќе биде прилично скап. Линијата мотори кај новиот Citroen C4 ќе се состои од 3-цилиндерски бензински мотори со зафатнина од 1,2 литри, како и од 4-цилиндерски од 1,6 литри. Ќе има и 1,5-литарски дизел.

Идниот C4 е само дел од тоталното реновирање на гамата на францускиот производител. Плановите на компанијата предвидуваат до 2021 година да бидат пуштени цели 12 нови модели.

Извор : avtoplus.mk

Сподели