Ford ќе нуди и електричен кросовер?

0
58

Пред две години Ford успешно влезе во костец со калифорниоскиот гигант за производство на електрични возила за името Model E, што од Tesla Motors сакаа да користат за својата новина, која сега е познат како Model 3.

Веќе станува јасно дека Синиот овал има намера да го користи името за себе, како име на автомобил кој ќе се нуди со класичен хибриден, plug-in hybrid и целосно електричен погон. И уште повеќе – името Ford Model E ќе биде предложено не само за варијанти со различен погонски механизам, туку и за различни стилови на каросеријата. Тоа значи дека Ford сака да се прошири називот Model E врз цела фамилија автомобили, меѓу кои и кросовер.

Се очекува доаѓањето на првиот Model E да се случи во 2019 година, а негово производство ќе биде во фабриката на брендот во Мексико. Таа треба да стартува со прозиводството на автомобили во 2018, а први модели што ќе слезат од производствените ленти се варијантите на Focus, компактен седан и хебчек.

 

Премногу е веројатно дека Model E ќе биде надграден на платформата на следната генерација на Focus, но со различен дизајн. Претседателот на Ford, Марк Филдс, посочи дека целосно електричната верзија на Model E ќе има километража со едно полнење од над 320 километри. Овој показантел е задолжителен, ако се смета да се биде вистинска конкуренција на пазарот на Chevrolet Bolt EV и Tesla Model 3.

Ford ќе ја користи новата компактна архитектура за различни варијанти на автомобили, меѓу кои и такви со целосна погонска група. Ако тоа се покаже како точно Model E ќе се креира по пример со моделот за 2017 на Hyundai – Ioniq, кој исто така ќе нуди избор помеѓу хибриден, plug-in и целосно електричен погон.

Извор : avtoplus.mk