Новиот модел на Ауди ќе знае кога се пали зеленото светло

73
Pernici, Jorgani, Перници , Јоргани

Автомобилската компанија Ауди ја претстави новата способност на своите возила кои наскоро на возачот ќе соопштуваат информација за траењето на црвеното светло на семафорот. Системот под името TLIS (Traffic Light Information System) ќе стане достапен во моделите Q7, A4 i A4 allroad од последната генерација.

TLIS преку дисплејот во возилото ќе го одбројува преостанатото време на црвеното светло, а откако ќе појде автомобилот ќе почне да го одбројува времето до палење на зеленото светло на семафорот на кој се приближувате, но само ако и на таа крстосница ве дочекува светлосен знак за запирање.

За да биде оваа опција можна, Ауди мораше да ги учи системите за работа на семафорот во градовите каде TLIS ќе биде овозможен, а тоа не можеше да се постигне без одобрение на локалните власти. Податоците од системот на семафорот доспеваат на Аudi Claud во реално време и се претвараат во предвидливи информации кои потоа служат на возачот.

Токму поради фактот дека одбројувањето е предвидување, а не егзактна средба со палење на зелено светло, Ауди ќе активира одбројувач само на крстосниците на кои постојат големи шанси дека одбројувањето ќе биде синхронизирано со реалната состојба на семафорот.

TLIS на почеток ќе биде достапен само во некои светски градови и тоа само на автомобили произведени по 1 јуни 2016 година. Исто така, градовите кои добиваат TLIS нема да бидат целосно покриени, бидејќи акцент ќе се стави на раскрсници со најголеми гужви, а системот е замислен да ги намали. Лансирањето е најавено за есен, а моделите кои ќе го користат ќе мора да имаат LTE конекција.

Извор : a1on.mk

Сподели